Цените на горивата во Македонија годинава бележат силен раст, а најизразено е поскапувањето кај дизелот, кој за осум месеци е поскап за 30 денари за литар.

На почетокот на 2026 година максималната малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ изнесуваше 65 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-95 се продаваше по најмногу 70,50 денари. Од 1 септември дизелот ќе чини 95, а бензинот БС-95 – 94 денари за литар.

Тоа значи дека во однос на почетокот на годината дизелот поскапел за 30 денари или за околу 46 проценти, додека цената на БС-95 е зголемена за 23,50 денари, односно за една третина.

Особено големи осцилации годинава има кај дизелот. Во првата недела од јануари неговата цена се спушти и до 64,50 денари за литар, додека минатата недела достигна 101,50 денари. Тоа е разлика од дури 37 денари меѓу најниската и највисоката цена во текот на годината.

Со најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од 1 септември дизелот поевтинува за 6,50 денари, од 101,50 на 95 денари за литар. Во исто време БС-95 поскапува за еден денар и ќе чини 94 денари.

Движењето на цените покажува и промена во односот меѓу бензинот и дизелот. На почетокот на годината дизелот беше 5,50 денари поевтин од БС-95, а од 1 септември ќе биде за еден денар поскап.

Најголемиот ценовен удар кај дизелот беше во текот на пролетта, а по периодот на намалување следуваше нов силен раст во јули и август. На крајот на август дизелот ја достигна највисоката цена годинава од 101,50 денари за литар, пред најновото намалување од 6,50 денари.

И покрај ова поевтинување, споредено со почетокот на 2026 година, возачите за резервоар од 50 литри дизел сега плаќаат околу 1.500 денари повеќе, а за исто количество БС-95 околу 1.175 денари повеќе.

Цена во сила од БС-95 ден/л Дизел ден/л
1 јануари 70,50 65,00
6 јануари 70,00 64,50
13 јануари 70,50 64,50
21 јануари 72,00 66,50
27 јануари 72,00 67,50
3 февруари 72,00 68,00
10 февруари 72,00 68,00
17 февруари 73,00 68,00
24 февруари 73,50 69,00
28 февруари 73,50 71,00
3 март 74,50 71,00
10 март 79,50 85,50
17 март 86,50 92,00
24 март 86,50 95,50
31 март 84,00 95,50
7 април 83,50 98,00
15 април 82,00 95,50
21 април 80,50 94,00
28 април 82,50 91,50
5 мај 85,00 93,50
12 мај 85,00 89,50
19 мај 87,00 92,00
27 мај 87,50 92,00
2 јуни 88,00 85,50
9 јуни 86,00 87,00
16 јуни 87,50 87,50
23 јуни 84,00 80,50
30 јуни 84,50 80,00
7 јули 85,50 82,50
14 јули 87,00 88,00
21 јули 90,00 94,00
28 јули 93,00 98,50
5 август 91,00 99,50
11 август 87,00 91,50
18 август 91,50 98,00
25 август 93,00 101,50
1 септември 94,00 95,00