Цените на горивата во Македонија годинава бележат силен раст, а најизразено е поскапувањето кај дизелот, кој за осум месеци е поскап за 30 денари за литар.
На почетокот на 2026 година максималната малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ изнесуваше 65 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-95 се продаваше по најмногу 70,50 денари. Од 1 септември дизелот ќе чини 95, а бензинот БС-95 – 94 денари за литар.
Тоа значи дека во однос на почетокот на годината дизелот поскапел за 30 денари или за околу 46 проценти, додека цената на БС-95 е зголемена за 23,50 денари, односно за една третина.
Особено големи осцилации годинава има кај дизелот. Во првата недела од јануари неговата цена се спушти и до 64,50 денари за литар, додека минатата недела достигна 101,50 денари. Тоа е разлика од дури 37 денари меѓу најниската и највисоката цена во текот на годината.
Со најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика, од 1 септември дизелот поевтинува за 6,50 денари, од 101,50 на 95 денари за литар. Во исто време БС-95 поскапува за еден денар и ќе чини 94 денари.
Движењето на цените покажува и промена во односот меѓу бензинот и дизелот. На почетокот на годината дизелот беше 5,50 денари поевтин од БС-95, а од 1 септември ќе биде за еден денар поскап.
Најголемиот ценовен удар кај дизелот беше во текот на пролетта, а по периодот на намалување следуваше нов силен раст во јули и август. На крајот на август дизелот ја достигна највисоката цена годинава од 101,50 денари за литар, пред најновото намалување од 6,50 денари.
И покрај ова поевтинување, споредено со почетокот на 2026 година, возачите за резервоар од 50 литри дизел сега плаќаат околу 1.500 денари повеќе, а за исто количество БС-95 околу 1.175 денари повеќе.
Цена во сила од
БС-95 ден/л
Дизел ден/л
1 јануари
70,50
65,00
6 јануари
70,00
64,50
13 јануари
70,50
64,50
21 јануари
72,00
66,50
27 јануари
72,00
67,50
3 февруари
72,00
68,00
10 февруари
72,00
68,00
17 февруари
73,00
68,00
24 февруари
73,50
69,00
28 февруари
73,50
71,00
3 март
74,50
71,00
10 март
79,50
85,50
17 март
86,50
92,00
24 март
86,50
95,50
31 март
84,00
95,50
7 април
83,50
98,00
15 април
82,00
95,50
21 април
80,50
94,00
28 април
82,50
91,50
5 мај
85,00
93,50
12 мај
85,00
89,50
19 мај
87,00
92,00
27 мај
87,50
92,00
2 јуни
88,00
85,50
9 јуни
86,00
87,00
16 јуни
87,50
87,50
23 јуни
84,00
80,50
30 јуни
84,50
80,00
7 јули
85,50
82,50
14 јули
87,00
88,00
21 јули
90,00
94,00
28 јули
93,00
98,50
5 август
91,00
99,50
11 август
87,00
91,50
18 август
91,50
98,00
25 август
93,00
101,50
1 септември
94,00
95,00