Седум министерства заклучно со август успеале да потрошат повеќе од половина од парите за јавни инвестиции. Има ресори кои за осум месеци не успеале да реализираат ниту 20% од годишниот план, пишува  Порталб . Министерството за транспорт и Министерството за јавна администрација имаат највисок процент на остварување на капиталните расходи.

Рангирање според степенот на реализација на јавните инвестиции

Најголем дел од министерствата за осум месеци не успеале да потрошат ниту половина од годишните средства за јавни инвестиции – покажуваат новите податоци од Министерството за финансии. “Порталб“ ги рангира ресорите според степенот на реализација на капиталните расходи.

Министерство за финансии-функции на држава од каде се канализираат милионски суми за проекти на централно и на локално ниво, на крајот од август, по основ на капитални расходи потрошило само 9.526.000 евра што претставува само 17.72% во однос на годишниот план.  Во оваа група се и  Министерството за животна средина со реализација на капиталните расходи на ниво од 33.22% со што остануваат неискористени дури 68.519.000 евра и Министерството за здравство со реализација од  35.37% при што за следите четири месеци остануваат  скоро 7.790.000 евра.

Министерството за одбрана кое е во групата ресори кои имаат буџет повисок од 100 милиони евра,  за осум месеци испорачало реализација од само 35,41%, со што остануваат за искористување уште 53.000.000 евра

Реализација           Неискористени

Министерство за финансии-функции на држава             17.72%                  44.233.000 е

Министерство за животна средина                                         33.22%                  68.519.000 е

Министерство за здравство                                                   35.37%                    7.790.000 е

Министерство за одбрана                                                      35.41%                  96.814.000 е

Министерство за образование                                               40.41%                  25.200.000 е

Министерство за економија                                                    42.51%                       53.777 е

Министерство за земјоделство                                              46.61%                    5.933.000 е

Министерство за спорт                                                            47.98%                    4.605.200 е

Извор: МФ

Има група ресори кои располагаат со повисоки развојни буџети а за осум месеци испорачале реализација на капиталните расходи од околу 40 % или помалку. Министерството за образование на крајот на август успеало да реализира 40.41% од годишниот инвестициски план со што остануваат неискористени повеќе од половина од средствата или скоро 25 200 000 евра. Министерството за земјоделството за осум месеци по основ на капитални инвестиции потрошило 46.61% од годишниот план. Министерството за економија и труд, иако располага со незначителен износ за капитални расходи, за осум месеци искористило само  42.51% од сумата додека реализацијата на јавните инвестиции во Министерството за спорт изнесува 47.98% со што до крајот на годината треба да потроши уште 4.605.200 евра.

Под 20% реализација се неколку ресори, па така Министерството за локална самоуправа иако располага со низок износ за капитални расходи, за осум месеци потрошило само 4,86% од средствата, реализацијата во Министерството за култура изнесува 31.5% а во Министерството за надворешни работи  19.73%. Во оваа група се и Министерството за правда со реализација од 15.93% и Министерството за финансии со остварување на годишниот план од само 8,7%.

Над 50 % реализација на јавните инвестиции имаа неколку ресори а предничи Министерството за транспорт со остварување 80.64%, Министерството за односи меѓу заедниците со 61.44%, МВР кое располага со повисок развоен буџет испорачало остварување од 65.16%.  Повеќе од половина од годишниот план за јавни инвестиции испорачале и Министерството за енергетика со 55.03%, Министерството за дигитална трансформација 54.74%, Министерството за јавна администрација со 73.65% а Министерството за социјална политика кое располага со повисок износ за капитални расходи, за осум месеци испорачало реализација од 56.04%.

На крајот на август вкупната реализација на капиталните расходи изнесува 49,23% со што до крајот на годината остануваат да се искористат уште 378.244.777 евра.