Комерцијална банка АД Скопје нуди промотивни услови за станбен кредит, со кои клиентите до 30 септември можат да аплицираат без трошоци за одобрување на кредитот и за процена на имотот.

Според објавата на Банката, станбениот кредит е достапен со фиксна каматна стапка од 3 проценти во првите пет години од отплатата, додека максималниот рок за отплата изнесува до 30 години.

Корисниците имаат можност и за грејс период до 12 месеци, а како дополнителна опција е достапен и кредит со вклучено животно осигурување од Триглав Осигурување Живот АД Скопје.

Средствата од кредитот може да се користат за купување, изградба, доградба или реконструкција на стан, куќа или деловен простор. Финансирањето е достапно и за купување градежно земјиште, како и за недвижен имот во странство.

Од Комерцијална банка посочуваат дека со промотивната понуда се намалуваат почетните трошоци при реализација на инвестиција во недвижност.

Промотивните услови важат до 30 септември, а повеќе информации и можност за оставање податоци за контакт се достапни на интернет-страницата на Банката.