Почна изградбата на вториот маркет на „Лидл“ во Битола, инвестиција што, според локалната самоуправа, ќе придонесе за развојот на градската економија и за отворање нови работни места. На свечениот почеток, градоначалникот Тони Коњановски истакна дека инвестицијата ќе донесе квалитетна услуга за граѓаните, пристап до производи и можности за соработка со домашни компании.
Од „Лидл“ посочија дека нивното присуство на македонскиот пазар, покрај отворањето маркети, создава работни места и можности за домашните компании за соработка и пристап до европските пазари.
Новиот маркет во Нова Битола ќе биде од типот „Метропол супермаркет“ и ќе се гради според современи стандарди. На парцелата се предвидени најмалку 20 % зеленило, нова пристапна улица и паркинг со 108 места.