Европската централна банка подготвува дигитално евро и систем за порамнување на токенизирани трансакции, со цел зајакнување на стабилноста и автономијата на европскиот монетарен систем.

Европската централна банка (ЕЦБ) работи на подготовка на дигиталното евро и развој на инфраструктура за порамнување на токенирани трансакции, што би ја зајакнало улогата на европскиот монетарен систем, изјави  членот на Извршниот одбор на ЕЦБ, Пјеро Чиполоне.

Чиполоне рече дека технолошките промени го менуваат начинот на кој луѓето плаќаат и како функционираат финансиските пазари, додека финансиските институции сè повеќе експериментираат со технологијата на дистрибуирана книга, а средствата се претставени во дигитална форма, односно во форма на токени, објави ЕЦБ.

Според него, дигитализацијата носи значајни можности за поедноставни плаќања и поефикасно финансирање, но во исто време носи ризик од фрагментација ако токенизираните финансии се развиваат на затворени и меѓусебно некомпатибилни платформи без безбеден начин на порамнување.

„Прашањето не е дали плаќањата и финансиите ќе станат дигитални, бидејќи тие веќе се“, рече Чиполоне.

Чиплоне изјави дека ЕЦБ сака да ги прошири парите на централната банка во дигитална средина, а воедно да го зачува постојниот двостепен монетарен систем каде што коегзистираат јавните и приватните пари.

Во малопродажните плаќања, ова подразбира подготовка на дигиталното евро, додека за пазарот на големо целта е да се овозможи користење на парите на централната банка за порамнување на токенизирани трансакции преку проектот Понтес.