Силк Роуд банка АД Скопје спровела откуп на сопствени акции, за што ја информирала јавноста преку Македонската берза.
Станува збор за 6.102 обични акции со право на глас, чија номинална вредност изнесува 36.111 денари по акција. Вкупната вредност на акциите опфатени со оваа постапка достигнува 220.349.322 денари.
Од банката појаснуваат дека откупот е поврзан со трансформација на долгот во влог, преку издавање акции како дел од постапката за зголемување на основната главнина.
Силк Роуд банка е присутна на македонскиот банкарски пазар од 1993 година, кога започнала со работа како Кредитна банка. Во 2000 година го променила името во Алфа банка, а од 2016 година работи под сегашното име.
Нејзин единствен акционер е швајцарската компанија Silk Road Capital AG, која има 100 отсто сопственички удел.