Една недела откако Народната банка воведе администрација во АЛТА банка АД Битола, сè уште нема конкретно решение за компаниите и институциите кои имаат средства на сметки во банката, а не можат да ги користат за редовно работење и подмирување на обврските кон вработените, државата и деловните партнери. Наместо јасни одговори, рокови и конкретен механизам за надминување на проблемот, од Народната банка и натаму испраќаат општи соопштенија за активности што се преземаат за „нормализирање на опслужувањето на клиентите“. Последниот одговор што го добивме од централната банка е не само разочарувачки, туку и недоличен, па дури и навредлив за сите компании кои во моментов се соочуваат со сериозни проблеми во работењето.
На конкретните прашања како фирмите ќе ги исплатат вработените чии трансакциски сметки се во други банки, дали ќе има исклучок од забраната за одливни трансакции, дали ќе се дозволат директни исплати по платен список, каква документација ќе треба да достават компаниите и кога ќе биде донесена одлука, од Народната банка одговорија дека „ова прашање е дел од активностите што се преземаат за нормализирање на опслужувањето на клиентите“.
Осум прашања, а ниту еден конкретен одговор. Ниту една информација за тоа какво решение се подготвува, дали воопшто постои предлог, кога би бил донесен и како компаниите ќе можат да ги подмират своите обврски. Дополнително, од Народната банка повторуваат дека АЛТА банка АД Битола е ликвидна и во добра финансиска состојба. Но, тоа не е одговор на проблемот што го имаат правните лица. За нив не е доволно да слушнат дека банката е ликвидна, ако средствата на нивните сметки практично не можат да ги користат за плаќања кон други банки. Ниту гувернерот Трајко Алавески не не удостои со одговор на прашања испратени до него.
Проблемот, притоа, не се сведува само на исплатата на октомвриските плати, иако тоа е голем проблем. Компаниите имаат обврски што не можат да чекаат: плаќање даноци и придонеси, здравствено осигурување на вработените, закупнини, струја, вода, телефонски и интернет-услуги, фактури кон добавувачи и останати режиски трошоци. Станува збор за редовни обврски од кои зависат секојдневното функционирање на фирмите и егзистенцијата на нивните вработени.
Со сегашните ограничувања, правните лица можат да вршат внатрешни плаќања во рамките на АЛТА банка, но не можат да префрлаат средства на сметки во други банки. Тоа значи дека фирма што има пари во АЛТА банка, а вработените ѝ примаат плата во друга банка, не може да ја реализира исплатата на вообичаениот начин.
Уште на почетокот на неделата гувернерот Трајко Славески, во гостувањето во „Топ тема“ на Телма, најави дека Народната банка ги разгледува можните решенија за компаниите кои треба да исплатат плати и да ги подмират обврските за даноци и придонеси, со оглед дека законскиот рок за нивно плаќање е до 15 ноември. Тој ја отвори и можноста за преодно решение, но без да прецизира какво би било тоа. Сега, неколку дена подоцна, одговорот на институцијата е повторно дека се преземаат активности. Очигледно е дека јавноста сè уште нема информација дали постои конкретен модел за исплата на платите и останатите обврски, или компаниите ќе мора да чекаат до завршувањето на проверката на состојбата во банката.
Притоа, администрацијата има рок од 21 ден да ја утврди финансиската состојба на банката и да достави извештај до Народната банка. Но, редовните обврски на компаниите не се ставени на пауза и не можат да чекаат три недели.
Народната банка мора да разбере дека последиците од ваквата неизвесност не ги чувствуваат само сопствениците на компаниите. Ги чувствуваат и вработените кои чекаат плата, државата која треба да ги наплати даноците и придонесите, како и сите деловни субјекти кои зависат од навремени плаќања.
Затоа, наместо општи уверувања дека се работи на нормализирање на состојбата, потребен е конкретен одговор: како фирмите ќе располагаат со сопствените средства, како ќе ги исплатат платите и како ќе ги подмират сите останати законски и договорни обврски.
Времето истекува, а одговорите на Народната банка сè уште се сведуваат на празни формулации. Бидејќи не одговараат на конкретни прашања испратени на меил, еве и јавно ги поставуваме:
Една недела Народната банка нема решение за фирмите со сметки во АЛТА банка – одговорите се навреда за засегнатите компании и вработените
Една недела откако Народната банка воведе администрација во АЛТА банка АД Битола, сè уште нема конкретно решение за компаниите кои имаат средства на сметки во банката, а не можат да ги користат за редовно работење и подмирување на обврските кон вработените, државата и деловните партнери.
Наместо јасни одговори, рокови и конкретен механизам за надминување на проблемот, од Народната банка и натаму испраќаат општи соопштенија за активности што се преземаат за „нормализирање на опслужувањето на клиентите“. Последниот одговор што го добивме од централната банка е не само разочарувачки, туку и недоличен, па дури и навредлив за сите компании кои во моментов се соочуваат со сериозни проблеми во работењето.
На конкретните прашања како фирмите ќе ги исплатат вработените чии трансакциски сметки се во други банки, дали ќе има исклучок од забраната за одливни трансакции, дали ќе се дозволат директни исплати по платен список, каква документација ќе треба да достават компаниите и кога ќе биде донесена одлука, од Народната банка одговорија дека „ова прашање е дел од активностите што се преземаат за нормализирање на опслужувањето на клиентите“.
Ниту еден конкретен одговор. Ниту една информација за тоа какво решение се подготвува, дали воопшто постои предлог, кога би бил донесен и како компаниите ќе можат да ги подмират своите обврски.
Дополнително, од Народната банка повторуваат дека АЛТА банка АД Битола е ликвидна и во добра финансиска состојба. Но, тоа не е одговор на проблемот што го имаат правните лица. За нив не е доволно да слушнат дека банката е ликвидна, ако средствата на нивните сметки практично не можат да ги користат за плаќања кон други банки.
Проблемот, притоа, не се сведува само на исплатата на ноемвриските плати. Компаниите имаат обврски што не можат да чекаат: плаќање даноци и придонеси, здравствено осигурување на вработените, закупнини, струја, вода, телефонски и интернет-услуги, фактури кон добавувачи и останати режиски трошоци. Станува збор за редовни обврски од кои зависат секојдневното функционирање на фирмите и егзистенцијата на нивните вработени.
Со сегашните ограничувања, правните лица можат да вршат внатрешни плаќања во рамките на АЛТА банка, но не можат да префрлаат средства на сметки во други банки. Тоа значи дека фирма што има пари во АЛТА банка, а вработените ѝ примаат плата во друга банка, не може да ја реализира исплатата на вообичаениот начин.
Уште на почетокот на неделата гувернерот Трајко Славески, во гостувањето во „Топ тема“ на Телма, најави дека Народната банка ги разгледува можните решенија за компаниите кои треба да исплатат плати и да ги подмират обврските за даноци и придонеси, со оглед дека законскиот рок за нивно плаќање е до 15 ноември. Тој ја отвори и можноста за преодно решение, но без да прецизира какво би било тоа.
Сега, неколку дена подоцна, одговорот на институцијата е повторно дека се преземаат активности. Очигледно е дека јавноста сè уште нема информација дали постои конкретен модел за исплата на платите и останатите обврски.
Притоа, администрацијата има рок од 21 ден да ја утврди финансиската состојба на банката и да достави извештај до Народната банка. Но, редовните обврски на компаниите не се ставени на пауза и не можат да чекаат три недели.
Народната банка мора да разбере дека последиците од ваквата неизвесност не ги чувствуваат само сопствениците на компаниите. Ги чувствуваат и вработените кои чекаат плата, државата која треба да ги наплати даноците и придонесите, како и сите деловни субјекти кои зависат од навремени плаќања.
Затоа, наместо општи уверувања дека се работи на нормализирање на состојбата, потребен е конкретен одговор: како фирмите ќе располагаат со сопствените средства, како ќе ги исплатат платите и како ќе ги подмират сите останати законски и договорни обврски.
Времето истекува, а одговорите на Народната банка сè уште се сведуваат на празни формулации.
- Какво конкретно решение разгледува Народната банка за фирмите што имаат средства на сметки во АЛТА банка, а треба да исплатат плати на вработени чии трансакциски сметки се во други банки?
- Дали се разгледува исклучок од забраната за одливни трансакции за исплата на плати, даноци и придонеси? Ако да, дали би се дозволувале директни исплати по платен список или пренос на наменски средства на сметка во друга банка?
- Дали за вакво решение е потребна измена на постојното решение за администрација, или администраторите можат да одобруваат вакви плаќања во рамките на сегашните овластувања?
- Кои услови би требало да ги исполнат фирмите за да добијат одобрение – платен список, пресметки за даноци и придонеси, список со трансакциски сметки или дополнителна документација?
- Дали решението би важело за сите правни лица со средства во АЛТА банка или фирмите ќе треба поединечно да поднесуваат барања?
- Како ќе се постапи со платите и придонесите што треба да се исплатат до законскиот рок на 15 ноември, ако ограничувањата не бидат изменети дотогаш?
- Дали Народната банка разговара со другите банки или со платните системи за техничко спроведување на евентуалните исплати?
- Кога се очекува да биде донесена одлука и како фирмите ќе бидат известени за постапката?