Просечната цена за метар квадратен станбен простор – стара градба во Охрид во третиот квартал годинава изнесувала 100.126 денари, а најголема постигната цена е 159.900 ден/м², покажува извештајот од Регистарот на цени и закупнини за пазарот за период од 1 јули до 30 септември 2026 година на Агенцијата за катастар на недвижности.

Во анализираниот период просечната цена на станови продадени од инвеститор е 82.066 денари/м², а највисоката е 98.120 денари/м².

И во овој квартал цената на метар квадратен станбен простор во Охрид е меѓу највисоките.

Во однос на обемот на трансакции, во третиот квартал годинава во Охрид биле реализирани вкупно 287 купопродажби и закупи. Биле остварени 234 купопродажби (109 станови, 30 куќи, 8 деловни простори, 2 индустриски објекти, 46 земјоделско земјиште и шуми, 24 градежно земјиште, 7 гаражи и 8 останато), што е раст за 4% во однос на претходниот квартал.

Кога е во прашање обемот на закупи, во Охрид биле реализирани 53 закупи, што е намалување од 2% во однос на претходното тромесечие.

На државно ниво се регистрирани 7.679 трансакции што е пад од 8,2% во однос на вториот квартал. Вкупната остварена финансиска вредност на пазарот на наедвижности во анализираниот период изнесува 339 милиони евра, што е намалување за 3,6% во споредба со вториот квартал. Највиока постигната цена (стара градба) е 192 денари/м², а во нова градба 194.339 денари/ м².

 

Извор: OhridPress.com.mk