Објава на скопјанката Катерина Гогова на социјалните мрежи привлече внимание, откако таа јавно изрази незадоволство од услугите на Шпаркасе банка, тврдејќи дека со години плаќала провизии за банкарска сметка што не ја користела.

Според нејзиното сведоштво, и покрај повеќекратните посети на банкарска филијала со цел затворање на сметката, постапката не била успешно завршена, а банката продолжила да ѝ пресметува месечни обврски.

 

 

„После сигурно над 2000ден во платени провизии за сметка што не ја користам 3 години, малтретирање и одење во иста филијала едно 3 пати, за на крај повторно да не е затворена сметката, Sparkasse Bank AD Skopje само додавајќи си месечни обврски за плаќање сега најде картички активни кои никогаш не се користени“, напиша Гогова во својата објава на Фејсбук.

Таа изразува револт и поради, како што наведува, активни банкарски картички кои никогаш не биле користени, а за кои дознала во текот на обидите да ја затвори сметката.

„До каде ќе одите со лоповлукот сакам да знам?!!“, прашува Гогова во објавата упатена до банката.

Нејзиното сведоштво отвора прашања за постапките за затворање на неактивни банкарски сметки, пресметувањето надоместоци и информирањето на клиентите за нивните финансиски обврски.

Засега нема информации за причините поради кои сметката не била затворена, ниту за основот по кој биле пресметувани надоместоците. Наводите на Гогова се нејзино лично сведоштво и не се независно потврдени.