Европската индустрија се соочува со нов бран проблеми поради наглиот раст на цените на електричната енергија. Сè повеќе производствени капацитети го намалуваат обемот на работа или привремено ги запираат печките и производствените линии, бидејќи трошоците за струја и гас ја прават производството економски неисплатливо.
Особено тешка е состојбата во челичната индустрија, каде што електричната енергија претставува еден од најголемите производствени трошоци. Италијанските производители веќе запираат или постепено го прекинуваат производството, а проблемот се проширува и во Германија и Полска.
Европската индустрија се соочува со нов бран проблеми поради наглиот раст на цените на електричната енергија. Сè повеќе производствени капацитети го намалуваат обемот на работа или привремено ги запираат печките и производствените линии, бидејќи трошоците за струја и гас го прават производството економски неисплатливо.
Особено тешка е состојбата во челичната индустрија, каде што електричната енергија претставува еден од најголемите производствени трошоци. Италијанските производители веќе запираат или постепено го прекинуваат производството, а проблемот се проширува и во Германија и Полска.
Еден од примерите е фабриката на италијанската групација Feralpi во Германија, каде што производството на челик во одредени периоди се прекинува затоа што цената на електричната енергија е превисока. Раководителот на погонот мора секојдневно да ги следи цените за следниот ден и да одлучува кога фабриката може економски оправдано да работи.
Според податоците објавени од „Блумберг“, цените на електричната енергија за испорака во наредните три месеци се движат околу 200 евра за мегават-час, приближно двојно повеќе отколку во истиот период минатата зима.
Главната причина е поскапувањето на природниот гас, чија цена во Европа е зголемена и до трипати во споредба со пред една година. Во услови кога гасните електрани често ја одредуваат конечната берзанска цена на струјата, поскапувањето на гасот директно се прелева и врз цената на електричната енергија.
Во Италија, индустриското здружение Federacciai предупреди дека високите цени на струјата и гасот ги принудуваат производителите на челик да ги прекинуваат или ограничуваат производствените активности.
Компанијата AFV Beltrame најави прекини во производството во ноември и декември. Проблеми има и кај други производители, додека групацијата ArcelorMittal ги суспендираше операциите во погоните за долги челични производи во Хамбург и Варшава, а го намали производството во Дуизбург и Сосновјец.
Италијанските берзански цени на електричната енергија на 9 ноември достигнаа 311 евра за мегават-час, во споредба со просечните 133 евра во јануари годинава.
Проблемот не се ограничува само на челичарниците. Високите енергетски трошоци ги погодуваат и производителите на хемикалии, метални производи и други индустриски материјали. Компаниите што купуваат струја по тековни берзански цени се особено изложени на ненадејните поскапувања.
Последиците може да се почувствуваат и во пошироката економија преку поскапи производи, послаба конкурентност на европските производители и дополнителен притисок врз инфлацијата.
Некои компании се заштитени со долгорочни договори за снабдување, но таквата заштита не е трајна. Со истекувањето на договорите, повисоките пазарни цени може постепено да се пренесат и врз нивните трошоци.
Енергетската криза повторно ја отвора дилемата за иднината на европската индустрија: како да се обезбеди сигурно и достапно снабдување со енергија, без производството да стане прескапо во споредба со конкурентите од другите делови на светот.