Ве известуваме дека на веб-страницата на Народната банка е објавено редовното соопштение за монетарни движења – август 2019 година.

Во август:

– Вкупните депозити продолжија да растат, главно под влијание на зголемувањето кај депозитите на корпоративниот сектор. На годишна основа, вкупните депозити растат со стапка од 10%, при зголемување на депозитите и на корпоративниот сектор и на домаќинствата.

– На годишна основа, кредитната активност забележа раст од 6,4%.

Доколку се исклучи ефектот на извршените отписи на сомнителни и спорни побарувања под влијание на регулаторните промени, годишниот кредитен раст изнесува 7,8%, како резултат на зголеменото кредитирање кај домаќинствата и кај корпоративниот сектор.

Соопштението е достапно и на следнава врска: Линк