Владата на САД го оствари најголемиот месечен буџетски дефицит во историјата во јуни, бидејќи трошењето на програмите за борбата против сузбивањето на коронавирусот се зголеми, а приходот од даноците се намали бидејќи многу луѓе останаа без работа.

Министерството за финансии на САД соопшти дека дефицитот во минатиот месец бил 864 милијарди долари и е најголем во историјата на земјата, додека во април дефицитот бил 738 милијарди долари.

Тој износ е поврзан и со парите кои Конгресот ги обезбеди за да се намали влијанието на раширените прекини на работење до кои дојде во обид да се ограничи ширењето на пандемијата. За првите девет месеци вкупниот дефицит е 2,74 билиони што е исто така рекорд за таков период.

Со овие податоци конгресниот буџетски одбор предвидува годишниот дефицит да достигне 3,7 билиони долари.

Тој износ би го надминал претходниот најголем годишен дефицит од 2009 година кој поради глобалната економска криза беше 1,4 билиони долари.