Плата од 524 евра е просекот од очекувањата на македонските граѓани, што е најнизок износ во истражувањето на порталот за вработување Poslovi.Infostud.com, во кое учествуваа 5.000 испитаници од поранешна Југославија.

Поголеми очекувања од Македонците во однос на личниот доход имаат Србите – 606 евра, во БиХ посакуваат 809 евра, а во Хрватска 1.100 евра во просек.

Добрите меѓучовечки односи на анкетираните од Македонија им се поважни отколку висината на заработката, покажа истражувањето чиј македонски дел го одработи порталот vrabotuvanje.com.mk.