Комитетот за финансии на американскиот Сенат едногласно гласаше за кандидатурата на Џенет Јелен за министер за финансии.

Јелен, која беше претседател на Федералните резерви од 2014 до 2018 година, беше одобрена со 26 наспроти 0 гласови во Комитетот на Сенатот.

За време на нејзиното сослушување претходно оваа недела, Џенет Јелен поддржа минимална сатница од 15 американски долари, ги задржа ниските каматни стапки, само делумно ги укина намалувањата на даноците во 2017 година, вети дека нема да води „поевтина“ политика на доларот и таа додаде дека нема да преземе мерки за наметнатите нови царини за кинеските стоки се додека не разговара со сојузниците на САД.

Номинацијата на Џенет Јелен сега ќе биде испратена на гласање во Сенатот, каде се очекува таа да добие лесно одобрување до крајот на денот, со што стана првата жена што ја презеде должноста министер за финансии на САД.