Стопанска Банка АД Скопје, членка на  НБГ – најголемата финансиска групација  во Југоисточна Европа е во потрага по нов член на тимот во Секторот за информатичка технологија, работна позиција Оператор.

За прием на работник на работно место

Оператор во Сектор за информатичка технологија

Работното место ги опфаќа следните активности:

  • Мониторирање на системи;
  • Обезбедување на хелпдеск поддршка;
  • Мониторирање и поддршка на банкомати;
  • Администрирање на кориснички профили;
  • Спроведување на системски обработки;
  • Контрола на опремата и активностите во дата центарот.

Кандидатот треба да ги исполнува следните квалификации:

  • Одлично познавање на работа со компјутери и Windows оперативен систем;
  • Искуство со ИТ хелпдеск поддршка, мониторирање на системи, решавање и ескалација на инциденти;
  • Основно познавање на Unix или Linux оперативни системи;
  • Основно познавање на компјутерски мрежи и сигурност на информациони системи;
  • Завршено високо образование, информатичка технологија, електротехника, машински, или друг технички факултет;
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Работно искуство од најмалку 2 години во областа.

Лични карактеристики:

  • Комуникативна и динамична личност со способност за преземање на иницијативи;
  • Тимски дух, позитивен став и однесување;
  • Способност за работа под притисок, справување со стрес и извршување повеќе работи истовремено во кратки временски рокови;
  • Прецизност, точност и аналитичен пристап во работењето;
  • Висок личен интегритет, деловен и професионален однос.

Банката обезбедува основна нето плата од 30.000,00 МКД.

Работното време е 8 часа дневно или 40 часа неделно и распоред на работата во смени кои покриваат во текот на целата недела според план за сменско работење. Банката исплатува додатоци и надоместоци од работен однос согласно законските прописи. Банката нуди динамична, квалитетна и пријатна работна средина и можности за професионален напредок на своите вработени.

Вашето CV (кратка биографија) на англиски и македонски јазик да го доставите онлајн преку апликацијата за пројавување интерес, преку e-mail: [email protected], или во седиштето на Банката на ул. 11 Октомври, бр. 7, 1000 Скопје со назнака за кое работно место аплицирате. Лице за контакт, Даниела Радевска, тел.02/3295-277.

Банката ќе изврши избор во законскиот рок, согласно бројот на пријавени кандидати.

Само селектираните кандидати ќе бидат известени и повикани на интервју.