Пред да го кажам своето мислење за економскиот замислен опус на „Левица“ и она што јавно го прокламираат, сакам само да нагласам дека надвор од економските „решенија“ кои ги нуди „Левиица“ – јас искрено ги поддржувам во најголем дел барања, тези, логики и т.н.
Но, во делот на економијата и предложените економски решенија кои се блиску до едни минатовековни догми, сакам да го кажам следново:
Другови, тие догми кои ги кажувате, едноставно се неапликативни во денешно време. Тој интензитет и алгоритам во оваа сфера едноставно потсетува на митинг на Ленин во Ленинград во раните 1910-ти. Еден век подоцна, како теоретски – така и практично – тие концепти се изживеани, потврдено неделотворни и отфрлени од светот. Една „црвена“ Кина ги отфрли тие догми уште во осумдесеттите години. Затоа економијата ја разви на ова ниво. Комунистичкиот, социјалистичкиот и било кој плански економски систем на цврста државна рака докажа дека државата е лош, непродуктивен и бесмислен сопственик. Едноставно не работи.
Сега, да не е само теорија и мудрување, неколку практични примери што би се случило во денешно време, во ова поднебје, во реалната економија, но и политика доколку дојдете на власт и ги спроведувате глупостите со кои го „храните“ нестручното членство:
- Доколку во денешна Македонија, Вие национализирате приватна – особено западна – компанија, за многу брзо ќе се осети гневот на Вујко Сем, ќе бидете набрзина исшишани, избричени, тетовирани и на шпиц покакани. Делот на национализација на природните ресурси кои припаѓаат на државата а се во концесионерски однос со приватни партнери е модус кој може да се разгледа и растегне на повеќе креативни модули, но да одземате приватен, згора на се – западен капитал – силни клоци, шпицови и ѓонови ќе се јадат. Империјалниот господар нема да толерира никакви такви фори. Едноставно спремен е и воено да ги брани. За многу помалку, за зла врз својот народ – не врз туѓиот капитал – Грујо Луди Првовенчани го мажија за Маџарска, а неговата ДПМНЕ ќе ја ситнат додека не ја избришат од Централен Регистар.
- Имавте објава дека ќе ги ограничувате банките и финансискиот сектор, од ограничување на каматни стапки до затварање на финансиски друштва. Повторно да Ве прашам во кој век живее тој што ова Ви го пишува. Па банките и финансиските друштва даваат ликвидност и финансиска поддршка и на фирми и на поединци. Што кога би ги ограничиле ? Ќе си одат од овде… Кој ќе дава тогаш пари на граѓаните во форма на кредити? Апасиев, Јована? Или тој дервиш или како го викаат што им е економски гуру? Наместо во банка, отепаното македонче ќе оди кај овие на врата по пари? Кој ќе го затвори тој круг? Останува нејасно. Кредитите да, имаат цена – камата, некогаш висока, некогаш пониска, но единствените кои ова денес го помислиле се легално за во лудница. Светот е веќе толку комплексен што секакво мешање во развиените финансиски текови е нарушување на стопанскиот екосистем и едноставно не функционира. Срамота е вакви муабети и „муви“ да се пуштаат во јавност… И тоа кој ги пушта? Луѓе кои се цел живот на државни јасли… Ма не професори биле, инфлуенсери и што ти знам јас…. Сите на државни јасли и мудруваат, а немаат ден стаж во приватно. Е сега тие, ќе го укинуваат приватното.
Дури, една весела математика да направиме, каде Левица би добила избори ( се надевам ) и почнат да ги спроведуваат овие глупости кои ги кажуваат ( се молам да не е така ). Стануваш сабајле, гледаш банката каде ти е картичката е затворена. Директорот обесен на влезот на експозитурата, а банкоматот разбиен. Брошурите со кредитни понуди се палат на плоштад во Кристалнахт стил. Подолу лежи прободен дебел сопственик на маалксата бакалница. Мајку му јебем капиталистичку! Тебе ти се јаде, одиш на работа, гладен. Гледаш, Димче нервозноно ти ја затворило фирмата – или национализирало. Бараш чаре: Одиш во некаква си национална компанија за нешто – колку да работиш нешто да преживееш. Еден вид гулаг. Таму, другарица Јована, со волнен шинел, висока чизма и волнена партизанска чарапа со стап те упатува каде да кршиш камен. Се прашуваш што е ова, зошто е ова? На летечки ќилим долетува Дервишот по економска демагогија и просеравање и ти држи лекција која истата пред 80 години ја слушал прадедоти на ударнички кампови. Одиш, бараш ортома…Ортома нема, не е исполнет петтолетниот стопански план. Од сталинистички методи, се оди на маоистичко културно реакционерство, се брише секаква култура и автономија. Оттука заршуваш на „полињата на смртта“ на Кмер Руж стил? хахахахх
За среќа, силно сум убеден дека ова не може да се случи. При најмали обиди – капитализмот е толку јак – банките се толку моќни – што го уништија концептот Либра на Марк Цукенберг, а и светот на криптовалутите, лесно ќе се справат со една македонска Левица. Во ова сум убеден. Затоа сакам да Ви го порачам ова :
Леви војводи на Левицата, во делот на економија ( а тоа е она што сите не интересира ) мора да бидете приземјени. Ако не сте приземјени, за брзо можете да бидете заземјени. За другиот дел, се сте ОК и во право и имате полна поддршка од се поголем дел од народот, особено младината. За да е комплетна победата – мора да се адаптира делот на економската пропаганда која ја вршите. Една Русија, Кина и милион други ги напуштија тие концепти, не бидете наивни.
Исто што сакам да нагласам, почнувате да се „елитизирате“. Се помалку комуницирате со обичниот човек. Ние мислевме ова е одлика на претходните две шизофрени опции. Во тој дел разочаравте. Затоа, оваа најдобронамерна критика прифатете ја пријателски. За Ваше и наше добро.
Наум Димитровски