Биткоинот, најсилната криптовалута во светот по пазарна вредност, порасна денес за прв пат во последните четири недели над 50.000 долари, продолжувајќи го растот што го забележа од почетокот на октомври.

Најстарата и најпознатата глобална криптовалута падна под тоа ниво на 7 септември поради општата продажба на дигитални монети и акции во компании вклучени во блокчејн синџири и продолжи да тоне за да достигне најниско ниво од 40.596 долари на 21 септември.

Биткоинот денес порасна за 5,64% до 50.101,18 долари, според Коиндеск.

Позитивно, истотака порасна и втората најсилна криптовалута, Ethereum, со 4,23% и сега вреди 3,456,53 долари.

Инвестициите во крипто производи и фондови се зголемија седма недела по ред, бидејќи институционалните инвеститори беа охрабрени од најавите за поддршка од државните регулатори, се вели во извештајот на порталот Coinshares за управување со дигитални средства.