Комерцијална банка ја продолжува успешната соработка со Црвен крст на Република Северна Македонија. Банката 12-та година останува Генерален покровител на проектот „Подобра социјализација на деца и млади со попреченост и на деца во згрижувачки семејства” со цел да се подобри квалитетот на животот на 340 дечиња во земјава.
Нѐ радува и ни претставува огромно задоволство што нашиот придонес резултираше со бројни проекти, со поголема емпатија и солидарност кај граѓаните и со следење на нашиот пример од други институции со цел намалување на ранливоста на нашите сограѓани и создавање општество во кое сите ќе бидеме еднакви. Свој придонес за остварување на оваа благородна цел даваат и вработените од Комерцијална банка, кои се вклучуваат во тимовите на Црвен крст за да помогнат за успешна реализација на многубројните проекти за психолошка поддршка на децата.
Со овие активности продолжува долгорочниот организиран и систематски придонес на Комерцијална банка за подобрување на положбата на ранливите групи во заедницата.