Авансот до плата или пензија ќе биде без камати, без провизии и други трошоци, со враќање во рок од три месеци. Исплатата започнува денес, 4 ноември 2026 година.

„Лично гарантирам.“ Со овие зборови основачот и извршен директор на МИНТ, Никола Јошевски, застана зад понудата на компанијата за граѓаните што примаат плата или пензија во Алта банка. Неговото ветување е конкретно. Во договорениот тримесечен рок, корисниците ќе го вратат само износот што го позајмиле.

„Ниту еден денар повеќе“, нагласи Јошевски.

МИНТ ја објави понудата како поддршка за граѓаните што се соочуваат со ограничен пристап до сопствените средства. Станува збор за аванс до плата или пензија без камата, провизија или други трошоци, со флексибилно враќање во рок од три месеци и согласно условите за одобрување.

Исплатата започнува денес, 4 ноември 2026 година, и ги опфаќа примателите на плата или пензија во Алта банка во Битола и во другите градови.

Покрај официјалното соопштение, Јошевски објави и личен осврт. Во него, прашањето за помошта го поврзува со одговорноста на компаниите кон луѓето меѓу кои работат и растат.

„Ми се чини дека премногу се навикнавме да зборуваме за бројки, а сè поретко за луѓето зад нив. Како да се оддалечивме едни од други, како туѓата грижа да престана да биде и наша“, напиша тој.

Неговата објава под наслов „Кога можеме, помагаме“ ја пренесуваме во целост.

Кога можеме, помагаме.

Бизнисот бара резултати, профитот овозможува раст, но етичката и моралната одговорност што ја имаме како граѓани нè обврзува да бидеме тука за луѓето кога ним им е тешко.

Ми се чини дека премногу се навикнавме да зборуваме за бројки, а сè поретко за луѓето зад нив. Како да се оддалечивме едни од други, како туѓата грижа да престана да биде и наша. Верувам дека тоа можеме да го промениме, почнувајќи од сопствените постапки.

МИНТ ја создадовме и ја развиваме во Битола. Тука живееме и работиме. Клиентите на Алта банка се и наши сограѓани, соседи, пријатели. Луѓе што ги среќаваме секој ден и чија загриженост ја разбираме.

Кога пристапот до сопствената плата или пензија е ограничен, секојдневните обврски продолжуваат. Храната, лековите и сметките не можат секогаш да чекаат.

Затоа, МИНТ нуди тримесечен кредит за примателите на плата или пензија во Алта банка, без камата, провизија или други трошоци, со флексибилно враќање во рок од три месеци.

Лично гарантирам дека во договорениот тримесечен рок, на секој што ќе ја користи оваа понуда нема да му биде наплатен ниту еден денар за камата, провизија или каков било друг трошок. Го враќа само износот што го позајмил. Ниту еден денар повеќе.

За ова зборуваме јавно за информацијата да стигне до луѓето на кои може да им биде корисна. Колку вреди нашиот потег ќе кажат тие, преку помошта што навистина ја почувствувале.

Понудата е наменета за примателите на плата или пензија во Алта банка во Битола и во другите градови, согласно условите за одобрување. Нашиот тим е достапен за објаснување на износите, потребната документација и начинот на враќање.

За мене, да бидеш дел од една заедница значи да не останеш настрана кога можеш да помогнеш. Компаниите ги водиме ние, луѓето. И одговорноста почнува од нас.

Никола Јошевски