Во период кога се повеќе граѓани се соочуваат со економски предизвици и ограничен буџет, цените на прехранбените производи традиционално потребни за Велигден, повторно драстично пораснаа, претворајќи ја празничната трпеза во вистински финансиски товар за обичниот граѓанин.

Поголемиот дел од граѓаните велат дека цените на производите секојдневно растат, и како што велат традиционалното јагнешко месо на велигденската трпеза стана луксуз. А дел од нив, цените се минимално покачени.

„Секој ден се посакапува, што да ти кажам. Дупло, јас мислам лани беше 300 и нешто, сега е 650. За велигден очекуваме 78% покачување на пензиите, сме заслужиле, ја градевме државата“…

„Скапо е…, поскапување има, да…месото е двојно. Отиде илјадарката за ништо…

„Не се многу ама сепак…“

„Секој велигден, така се покачуваат“…

„Јагнешкого го заборавиме одамна. Свинско ќе си купиме“, рекоа анкетираните граѓани.

Алсат поразговара и со дел од редовните потрошувачи на Зелениот пазар, каде ни објаснија дека, дел од производите се покачени до дури 40 проценти.

„Најчесто зеленчукот и овошјето пред велигденските, ама и веројатно и месото, тоа е поскапени се да. Некои и до 40% се поскапени, на пример домати 200 денари, а беа 130 денари, значи доста се поскапени, што не е во ред, бидејќи за празниците вака кога се посебно религиозни празници треба да биде поевтино да си даруваме еден на друг колку што можеме да си помагаме. Ги гледаат празниците како можност да заработат што не е во ред“, вели една граѓанка.

Според анализите, доколку би сакале да  подготвиме традиционална трпеза, пред Велигденските празници  би не чинела 900 денари но, со новите нагло пораснати цени 1.210 денари.

Основни намирници за Велигден:

„Килограм свежо месо пред велигденските празници чинеше  400 денари за велигденските 650 денари.

Еден килограм компири пред велигденските празници чинеше 30 денари за велигденските 60 денари

Зелката  пред велигденските празници чинеше  30 денари за велигденските 40 денари

Табла јајца пред велигденските празници чинеше  210 денари за велигденските 250 денари

Килограм краставици пред велигденските празници чинеше  100 денари за велигденските 130 денари

Килограм домати пред велигденските празници чинеше  90 за велигденските 110 денари.“

Ова е честа пракса на алчните трговци во пресрет на празниците, драстично да ги покачуваат цените, со цел да заработуваат на грбот на граѓаните.