Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јули 2026 година, во однос на јуни 2026 година, изнесува 0,1 проценти.
Во јули 2026 година, во однос на јуни 2026 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: транспорт за 4,4 проценти, рекреација, спорт и култура за 2,6 проценти, домување, вода, електрична енергија, гас и други горива за 0,9 проценти, ресторани и услуги за сместување за 0,7 проценти, услуги за образование за 0,3 проценти, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0,1 процент.
Во јули 2026 година, во однос на јуни 2026 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групите: покуќнина, опрема за домаќинствата и редовно одржување на домаќинствата за 1,4 проценти, храна и безалкохолни пијалаци за 1,1 проценти, облека и обувки за 0,2 проценти, информации и комуникации и здравствена заштита за 0,1 процент.