Животните трошоци зголемени за 2,6 % на годишно ниво. Инфлацијата си го зема данокот. Цените во април повисоки за 0.6 отсто во однос на претходниот месец. Статистика измери, а Државниот завод за статистика потврди – годишна инфлација од 2,6 отсто, повисока од претходно.
ДРЖАВЕН ЗАВОД ЗА СТАТИСТИКА
Зголемувањето на инфлацијата во април 2025 година, во однос на март 2025 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи:
Транспорт за 5.1%,
Облека и обувки за 1.5%,
Рекреација и култура за 1.4%,
Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.5%,
Здравје за 0.4% и Храна и безалкохолни пијалаци за 0.3%.
Индексот на цените на мало во април 2025 година во однос на март 2025 година изнесува 101.6.
Трошоците за живот во пораст, а додека цените растат, платите стојат, се жалат граѓаните.
Откако истекоа владините мерки за ограничување на цените и трговските маржи на над 100 производи, од Министерството за економија и труд најавија дека ќе ги анализираат ефектите, а доколку се утврди злоупотреба или енормен раст на цените тогаш ќе следат нови, построги интервенции. Но, аналитичарите алармираат дека овие мерки не го даваат очекуваниот ефект и како што велат, не се цените високи, туку платите се ниски во земјава, затоа, според нив подобро е целосно укинување на ваквите мерки.
Инаку, со завршување на владината мерка за ограничување на бруто-профитните маржи на основните производи, сега, трговците повторно имаат слобода да ги одредуваат цените на повеќе од 1.000 производи.