Биткоинот и етериумот бележат раст, трговскиот обем се зголемува, а индексот на доверба кај инвеститорите се движи нагоре.

Според податоците од крипто-берзата Binance, првпат во историјата биткоинот ја надмина вредноста од 103.000 американски долари. Главната причина за овој историски скок е одлуката на САД да воспостават стратешки резерви на биткоин, што значи дека американската влада сега официјално чува дел од своите финансиски средства во биткоини, слично како што чува злато или девизи.

Во последните седум дена, вредноста на биткоинот порасна за повеќе од 6 проценти, што аналитичарите го поврзуваат со напредокот во трговските преговори на САД со други економски сили.
Во исто време расте и етериумот и другите крипто валути.