Забрзувањето на растот не значи и зголемување на приходите, велат од Фискалниот совет. Препорачуваат усогласување на буџетот и внимавање на расходите во изборна година. Според двете изработени сценарија не се превидува значително зголемување на долгот…

Растот го движи домашната потрошувачка. Неговото забрзување не значи и зголемување на приходите, особено врз основа на ДДВ како клучен фискален приход во даночниот систем на земјава.

Од Фискалниот совет препорачуваат усогласување на приходите и расходите за да не се надмине дефинираниот буџетски дефицит од 4 насто со ребалансот на буџетот. Според двете изработени сценарија не се превидува значително зголемување на долгот. Во пресметките не се вклучени унгарскиот кредит и заемот кој произлегува од договорот со Обединетото Кралство.

Долгот може да има позитивно влијание ако се искористи за капитални инвестиции, инфраструктура и политики насочени кон заздравување на економијата, покажуваат резултатите од истражувањето што го спроведе Фискалниот совет во Македонија, Косово и Албанија.

Од Фискалниот совет како ризик го посочуваат можното пренасочување средства наменети за капитални инвестиции за тековни трошоци, бидејќи е изборна година.