Државата ќе ги урива дивоградбите во заштитените подрачја. Министерството за транспорт и врски денеска објави тендер за избор на фирма за уривање дивоградби.
Како што велат од Министерството за порталот сдк.мк, тендерот се однесува само за дивоградби од А категорија во заштитени подрачја.
– Тендерот е објавен за да бидеме спремни за можни ситуации. Ова го правиме затоа што во Охрид за заштитениот дел има дивоградби, па за да има фирма да може да се постапува. Идеја е да имаме спремен тендер да може да се постапува кога ќе има потреба, велат од Министерството за транспорт и врски.
Постапката за уривање ќе ја води Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, кој е под надлежност на Министерството за транспорт и врски. Во фокусот ќе бидат дивоградбите долж охридското крајбрежје.