Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, нагласи дека размислува за воведување дополнителни давачки од 200 проценти на набавката на лекови и 50 отсто на увозот на бакар.
„Наскоро ќе соопштиме нешто за фармацевтските производи. Ќе им дадеме на луѓето една година, една и пол година да дојдат тука, а потоа ќе имаат царини“, истакна Трамп.
Тој претходно имаше воведено давачки од 50 проценти за набавка на челик и алуминиум, со цел да го поттикне повторното индустријализирање на САД.
Трамп вчера соопшти дека од 1 август ќе стапат на сила дополнителни давачки за многу држави кои имаат трговски вишок со САД и дека нема да има одложување на оваа мерка.