Добро е што се направи усилба млади да може да дојдат до свој стан.
Придобивките се мали и треба да се надополнат со други мерки. Ова се дел
од реакции на граѓаните на социјалните мрежи, синоќа по објавувањето на одлуката на Народна банка на Македонија од 1 декември, учеството за станбен кредит за граѓаните кои за првпат купуваат стан ќе биде 10 проценти, а за сите останати се зголемува од постојните 15 на 25
проценти.
Инаку, вчера, гувернерот Трајко Славески појасни дека со оваа одлука се олеснува кредитирањето за купување стан или куќа наменети за сопствено живеење за помладите генерации.