Европската комисија започна истрага за платформата за резервации на сместување Booking за да утврди дали презема доволно мерки за борба против лажните реклами за сместување и фишинг измамите.
Постапката ќе се спроведува во согласност со правилата на Европската Унија за дигитални услуги, објави Ројтерс.
Истрагата е започната по прелиминарна проверка и анализа на извештаите за проценка на ризикот поднесени од компанијата оваа и претходните три години.