Во вториот квартал од 2025 година, во Европската Унија имало 13,3 милиони невработени лица на возраст од 15 до 74 години. Меѓутоа, кога ќе се вклучат и оние во „скриена невработеност“, бројката се зголемува на 26,8 милиони.
Во просек, вишокот работна сила во ЕУ во вториот квартал од 2025 година изнесувал 11,7%. Во оваа категорија влегуваат луѓе кои би можеле да работат, но не бараат активно работа, работници со скратено работно време кои сакаат да работат повеќе и оние кои бараат работа, но моментално не се достапни, објави Еуроњуз.
Најниски вишоци на работна сила се регистрирани во Полска (5,1%), Словенија (5,3%), Малта (5,4%) и Бугарија (5,5%). Во Турција има 25,8%. Многу високи стапки се регистрирани и во Финска (19,5%), Шведска (18,8%) и Шпанија (18,6%).
„Скриената невработеност“ е висока и во Босна и Херцеговина (17,1%), Франција (15,4%) и Италија (15%). Меѓу големите членки на ЕУ, Германија е најдобро рангирана со 7,8% – единствената под европскиот просек. Франција, Италија и Шпанија се меѓу земјите со двоцифрени стапки.
„ Со децениите висока невработеност создадоа верување дека барањето работа е залудно. Луѓето престануваат да бараат, иако би работеле доколку им се даде можност“, објаснува Доротеа Шмит-Клау од Меѓународната организација на трудот (МОТ).
Втората најголема група во вишокот работна сила се луѓе кои би можеле да работат, но не бараат работа. Нивниот удел варира од само 0,3% во Чешка до дури 12,3% во Турција. Италија (6,6%) и Шведска (4,4%) исто така имаат висок удел, додека Шпанија има само 2,8%.