Тоа е зголемување на цената од дури 100% во релативно краток период.
Ваквиот пораст на цената, во последниве години им донесе значителен профит на инвеститорите во злато. Сепак, многумина оправдано се прашуваат дали е сè уште добро време да се инвестира во жолтиот благороден метал или цената во моментов е превисока.
Цената на златото расте во несигурно време
Пандемијата на коронавирус и затворањето на економиите, сеприсутната висока инфлација, трговските војни меѓу САД и Кина и отворените геополитички конфликти меѓу најсилните држави во светот – сите овие се фактори што придонесоа за зголемена побарувачка за златни прачки и златни монети. Бидејќи се работи за стока на берзата, зголемената побарувачка директно води до зголемување на цената.
Дали цената на златото ќе продолжи да расте во иднина?
Додека оние кои веќе инвестирале во злато го бројат својот профит, оние кои само планираат да го сторат тоа, се прашуваат дали треба да почекаат цената да падне или дали сега е добро време за инвестирање. Иако на почетокот може да изгледа дека златото во моментов е прескапо, експертите предупредуваат дека тоа не значи дека нема да биде уште поскапо во иднина.
Во инвестирањето постои изрека дека со чекање цената да падне, се губи повеќе профит, отколку што се губи при пад на цената. Таков е случајот и со златото. Инвеститорите веруваат дека златото е исклучиво долгорочна инвестиција, а краткорочните осцилации во цената не се вани бидејќи таа постојано ги руши претходните рекорди и таквиот тренд ќе продолжи во иднина.
Цената на златото се зголеми за повеќе од 20% од почетокот на оваа година, а главната причина за овој раст е поврзана со падот на довербата во американскиот долар и намалувањето на каматните стапки од страна на американскиот Федерален резервен систем. Таквата монетарна средина историски е плодна почва за раст на цената на златото, и токму затоа аналитичарите на Голдман Сакс најавија дека, во случај на пад на довербата во Федералниот резервен систем, цената на една унца злато може да скокне на 5.000 долари. За споредба, моментално е околу 3.700 долари.
Доколку овој раст се оствари, тоа би значело дека инвеститорите во злато ги очекува уште еден поволен период. Колкав ќе биде растот и колку брзо ќе дојде, времето ќе покаже.