Почитувани читатели на БанкоМетар.мк

Сакаме да Ве известиме дека овогодинешната анкета за избор на Финансиско Друштво за 2021 година ја откажуваме поради следните причини:

Кај гласањето на две од финансиските друштва беше забележано дека гласаат фиксни ИП адреси, најпрво од Бугарија и од Балтичките земји, а потоа, оваа автоматизирана скрипта автоматски гласаше од македонски ИП адреси. Со ова, овие друштва стакнуваа нереален и нефер број на гласови од автоматизирани гласачки ботови. Со тоа се нарушени основните правила на анкетата, а тоа е да гласаат граѓани на Македонија.

Овој пат, нема да ги кажеме јавно кои се овие две финансиски друштва кои пробаа на овој начин да ја изиграат анкетата, но еве однапред сега ги предупредуваме дека доколку истата пракса ја користат на наредната анкета, ќе бидат исклучени веднаш од истата.

Точно дефинирани услови ќе приложеме на наредната анкета, за да не ни се повторуваат вакви неуспеси.

Ви благодариме за гласањето и се извинуваме за оваа ситуација.

Анкетата ќе ја повториме во периодот од 01.03. до 01.04 оваа година.

Воедно ги повикуваме сите заинтересирани финансиски друштва кои сакаат да учествуваат на истата, да се пријават на нашиот службен маил: [email protected] во овој период од две недели, за да им испратиме Услови за учество во анкетата.

Ваш БанкоМетар.мк