Дали годинава ајварот ќе ни остане само пуста желба?! Ако се суди по цените на пиперките, но и оние на останатите намирници потреби за приготвување на овој деликатес, така и ќе биде, па по се изгледа дека традицијата ќе ни остане само пуста желба и голем луксуз.

Грубата пресметка вели вака – за да се добие една голема тегла ајвар, убаво пржен ајвар, се трошат околу 2 килограми пиперки, што значи дека ако едно семејство сака да произведе 20 тегли ајвар, ќе им бидат потребни минимум 40 килограми пиперки. Пржење без масло не оди, а цената и на оваа намирница е плафо

Моментално, пиперките за ајвар кои се достапни на некои пазари се продаваат по цена од 40 до 45 денари за килограм. Што значи дека за една тегла ајвар, само за пиперки, едно семејство треба да плати 80 денари. Ако на ова се додадат уште околу 150-160 денари за масло, 60 за модар патлиџан (за збогатување на вкусот и по желба)… Па сол, струја или дрва…. На крајот, излегува дека со оглед на тоа што една тегла ќе ве чини повеќе од 300 денари – не се исплати маката.

За иштав поисплатливо можеби е да се купи тегла. Факт е дека вкусот не е ист, но барем цената е (или досега беше) подостапна. Најниската цена на тегла ајвар во маркетите во моментов се движи од 139 денари, до 250 и 395 денари за голема тегла.

Сепак, ако не ѝ верувате на конзервната индустрија, подгответе се да издвоите повеќе пари од лани од буџетот, за да го направите ајварот според вашиот рецепт и вкус. Ако имате среќа, пиперките можеби и ќе поевтинат во екот на подготовката на ајварот, што е малку веројатно.