Програмата A1 WayUp се отвора втора година по ред и има за цел на младите да им овозможи кариерен пат и вештини на иднината. Во текот на првата година 11 млади дипломци од областа на Data работеа на реални проекти, и уште во првите шест месеци стекнаа дигитални вештини, а усвоија и голем број други деловни вештини кои денес ги користат во кариерата.

„Програмата A1 WayUp е вистинска можност за младите кои се на крај од своите студии или кои завршиле и сакаат да работат во меѓународна компанија и да стекнат знаење и искуство преку работа на реални проекти. Поддршката која ја нуди тимот и можноста за работа со најсовремена дигитална технологија е навистина голем бенефит и одличен почеток на кариерата“, изјави Здравко Тодоров, Помлад дата аналитичар за машинско учење, кој својата кариера во А1 Македонија ја започна како практикант во првата генерација на A1 WayUp.

Рокот за апликации за програмата A1 WayUp за сите 18 отворени позиции трае сè до 15 јули. Сите млади кои се на крај од своите студии или кои ги завршиле, а сакаат да го градат својот кариерен пат во дигиталната и ИКТ индустријата, може да аплицираат преку линкот.