Абит организира едногодишна сетрификациона програма за банкарска специјализација  “CERTIFIED COMPLIANCE SPECIALIST®”. Едногодишна сертификациона програма за банкарска специјализација.

 

Програмата е акредитирана од Министерството за образование и наука на Република Македонија и изработена во соработка со EBTN (European banking and financial services training association) од Брисел. На крајот добивате: – 32 бодови / ECVET- European Credit points for Vocational Education and Training (Европски кредит поени за стручно образование и наука или КПУ – континуирано професионално усовршување бодови) согласно Европската рамка за квалификации на годишно ниво; – Специјалистички сертификат – Диплома за завршено неформално стручно едногодишно образование согласно European Quality Assurance for Vocational Education and Training (EQAVET) – Обезбедување Европски квалитет за стручно образование и наука. – Можност за трансферни ЕКТС (кредити) на формални образовни установи.

 

Програмата се одвива врз база на серија предавања од областа на Усогласеноста (Compliance) со презентација на стручна литература и презентација на пракса при воспоставување на оваа функција. Во текот на програмата ќе се направи проценка на здобиеното знаење на слушателите од овој основен модул преку тестови и изработка на проекти – т.н. Студии на случај (Case studies) од страна на слушателите. Програмата ќе обезбеди определување на терминот усогласеност („Compliance“) и службеник на усогласеност („Compliance Officer“), идентификување на основната улога на оваа професија во институциите, идентификување на основниот ГАП (GAP) меѓу целокупната регулатива и одредени групациски стандарди.

 

 

 

Исто така ќе обезбеди основни насоки за обезбедување на адекватно ниво на информации за идните и сегашните професионалци со цел усогласување со барањата на домашната и на странската регулатива. Целна група: вработени во банките и финансиските институции, како и во останатите приватни и јавни друштва и организации кои директно или индиректно работат со усогласено работење (ново), вработени во одделите за усогласување, директори/раководители на сектори/ филијали, членови на повисок менаџмент.