“Addiko banka” во своето портфолио на платежни картички воведе дебитна картичка Mastercard®, прва бесконтактна картичка во регионот која има препознатлив мирис и тоа на јагода.
Оваа картичка освен што се разликува од другите картички по својот препознатлив мирис на јагода има и вертикален дизајн. Исто така, картичката е двовалутна врзана за сметка и овозможува купување во домашна валута и девизи.
„Нашата бесконтактна технологија овозможува корисниците да реализираат, практични, сигурни и брзи плаќања за неколку секунди на повеќе од 8 милиони локации во светот. Сакам да се заблагодарам на нашите партнери од “Addiko banka” на фактот што успешно ги искомбинираа поволностите кои бесконтактното плаќање ги внесува во секојдневието и се радуваме на идните иновации кои ќе ги креираме за нашите клиенти“, изјави Јелена Ристиќ, директор на Mastercard за Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.
Атрактивност на оваа картичка ја зголемува тоа што на позадината на платежната картичка се наоѓа означен дел, кој, доколку се изгребе, мириса на јагода.