Германскиот производител на спортска опрема „Адидас“ планира да затвори високотехнолошки роботизирани фабрики во Германија и САД и да пренесе дел од технологијата во Азија.

Компанијата не достави дополнителни детали за причината за затворањето на погоните, кои, според „Ројтерс“, се покажале како скапа инвестиција.

Директорот за меѓународна бизнис-соработка на „Адидас“, Мартин Шанкланд, вели дека двете фабрики помогнале компанијата да ја подобри својата експертиза за иновативно производство и дека примената на она што го научиле со своите доставувачи ќе овозможи пофлексибилна и економична работа.

Во 2016 година „Адидас“ во германскиот град Анзбах почна со роботизирано производство на обувки во фабриката „Спадфактори“, а во 2017 година отвори уште една ваква фабрика во близина на американскиот град Атланта.

Компанијата „Адидас“, основана во 1949 година, го пресели поголемиот дел од своето производство од Европа во Азија и сега се потпира на повеќе од еден милион работници во тој регион, особено во Кина и Виетнам.