Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР) изврши исплата на финансиската поддршка за мерка 1.7 – директни плаќања по обработлива земјоделска површина за оддржување на постоечки овошни насади. Корисници на оваа подмерка се сите земјоделски стопанства кои имаат минумум 0,2 хектари површина со постоечки овошни насади и се регистрирани во ЕРЗС. Висината на директните плаќања изнесуваа 12.000 денари по хектар.

Вкупната финансиска поддршка, како што велат од АФПЗРР, изнесува 123.2 милиони денари за 9563 овоштари.

-Оваа мерка по првпат се имплементира од оваа година. Со оваа исплата, 30% од буџетот за поддршка на овоштарите се исплаќа во 2022 година за програмата за земјоделство 2022, што е значителен придонес во правец на навремена поддршка за земјоделците, информира директорот Никица Бачовски.

Вкупната финансиска поддршка преку програмата за директни плаќања, програмата за интервентен фонд, програмата за рурален развој, како и ИПАРД програмата во календарска 2022 година изнесува 140 милиони евра.