Академикот Владо Камбовски да остане во Надзорниот одбор на ТТК банка како независен член, овој предлог за неговиот реизбор доаѓа од најголемиот акционер на Банката, од тетовскиот „Тетекс“, а треба да биде изгласан на акционерското Собрание закажано за втори јули.

Камбовски ќе го почне новиот четиригодишен мандат на 19 септември.

„Предложениот кандидат поседува професионални квалификации да ја извршува работата од делокругот на работењето на Надзорниот одбор на Банката што се докажа со неговото досегашно членство. Неговиот придонес во работата на Надзорниот одбор е исклучителен и со своето понатамошно членство и понатаму ќе придонесува Надзорниот одбор на ТТК Банка АД Скопје доследно да ги извршува работите од своја надлежност“, пишува во предлогот даден од „Тетекс“ како акционер кој поседува над пет проценти од акциите со право на глас.