Акцелераторот УКИМ преку програмите EIT Jumpstarter 2022 и АПА2022 им овозможува на македонските иноватори да го остварат својот сон, како што велат од тимот на акцелераторот: да го развијат бизнис моделот за технолошкото решение и да го освојат глобалниот пазар.

Акцелераторот УКИМ преку програмите EIT Jumpstarter 2022 и АПА2022 им овозможува на македонските иноватори да го остварат својот сон, како што велат од тимот на акцелераторот: да го развијат бизнис моделот за технолошкото решение и да го освојат глобалниот пазар.

10.000 евра за најдобрите учесници во BAU EIT Jumpstarter 2022

Повикот EIT Jumpstarter 2022 е отворен до 10.04.2022 и нуди:

– пристап до знаење за трансформација на истражувањето во бизнис идеја,

– грантови од ЕИТ и можности за инвестиции од Акцелераторот УКИМ.

Отворениот повик за иноватори со идеја за производ или услуга кои сакаат истиот да го пласираат на пазарите во следниве индустрии: здравство, агро-храна, суровини, производство, урбана мобилност, енергија и Баухаус, преку програмата EIT Jumpstarter во 2022 ќе ги добијат следните придобивки: (1) Поддршка за креирање на бизнис модел за вашата иновативна идеја: (а) како да ja валидирате вашата идеја, (б) сегментација на пазарот, (в) понуда за вредност на клиентите, (г) финансии и основи на инвестиции, (д) правни основи; (2) Пристап до европските пазари и поврзување со шесте големи индустриски партнери на ЕИТ: GE Healthcare, Siemens, Philips, Roche, Bosch, Nestlé, Pepsico, Maspex и други; (3) Поддршка за патување и сместување и (4) Парична награда од €10.000 за најдобрите тимови во секоја категорија.

За избраните идеи и тимови во EIT Jumpstarter 2022 следат неколку специјализирани обуки преку кои на најуспешните се обезбедени околу 100 часа знаење за креирање на нивниот бизнис модел низ: (1) Онлајн обуки (bootcamps) кои ќе се одржат во Мај и Јуни за 210 тимови, со следната селекција ќе бидат избрани 105 тимови за учество на (2) локалните обуки кои ќе се одржат во Јули и Септември што треба да ги номинира најдобрите 42 тимови во (3) финалето кое ќе се одржи во ноември.

Денеска се одржува EIT Pre-Jumpstarter 2022 сесија на којашто заинтересираните претприемачи се запознаваат со можностите на програмата.

25.000 евра за учесниците во БАУ АПА2022

Втората клучна активност на Акцелераторот УКИМ е пгорамата АПА, при што охрабрени од интересот за АПА2021 и бројот на прифатени стартапи за учество во минатата година (вкупно 17), акцелераторот и оваа година објавува повик за Акцелераторска програма (АПА 2022) за поддршка на напредните стартапи и брзо растечките компании кои се подготвени да го освојат глобалниот пазар.

Поддршката на Акцелераторот УКИМ вклучува финансирање во рана фаза од минимум 25 илјади евра и приспособено менторство за пристап до регионални и меѓународни пазари и клиенти, продажба и маркетинг како и поддршка за подобрување на бизнис моделот и пристапот до финансирање. Овие области ќе им помогнат на стартапите да ги претворат своите иновативни решенија во профитабилен бизнис. Како ментори за поддршка на стартапите ќе бидат вклучени реномирани светски и регионални експерти. Ќе бидат организирани минимум 12 сесии со истакнати ментори и безброј часови посветена работа од страна на тимот на Акцелераторот УКИМ со поддршка од своите локални и регионални партнери.