Македонска берза го објави месечниот статистички билтен за ноеври 2020 година. Од истиот може да забележиме дека акциите на Комерцијална банка се најатрактивни воедно и најтргувани на берзата во месец ноември со промет од 77.527.621 денари или 11.487 количинкси тргувани акции.

На второ место се акциите на НЛБ Банка Скопје со промет од 52.166.877 денари, а потоа следат Алкалоид 45.877.915 денари, Гранит Скопје 16.785.685 денари, Стопанска банка Скопје 12.154.475 денари, Макпетрол Скопје 9.867.761 денари, Стопанска банка Битола 2.902.054 денари, Уни Банка Скопје 2.838.320 денари, Македонски Телеком Скопје 2.528.718 денари, ТТК Банка Скопје 2.422.807 денари.