Акциите на Ролс-Ројс потонаа за над 65 % во текот на ноќта, откако компанијата објави дека се подготвува привремено да ги затвори фабриките.

Покрај тоа, беше објавено дека Ролс-Ројс ќе ги намали трошоците и ќе го скрати работното време на други начини поради кризата предизвикана од пандемијата.

Според извештајот што претходно го објави Фајненшл тајмс, вработените во британската компанија биле информирани за новите мерки „во врска со платите, поволностите и можните прекинувања на производството“, поради намалената побарувачка за авиони.

Акциите на Ролс-Ројс паднаа 65,13 проценти и беа продадени по 0,76 фунти по акција.

Коронавирусот во голема мера го загрози бизнисот на британската компанија, чии акции изгубија дури 88 проценти од нивната вредност од почетокот на годината, во споредба со времето пред короната.