Зачестените топлински бранови можат да влијаат на економската продуктивност на среден рок и да го гушат економскиот раст, предупредува гувернерот на Француската Банка, Емануел Мулен. Според него, тие имаат недвосмислено негативен ефект на растот на среден рок и потенцијално негативно влијание на продуктивноста поради зголемена потрошувачка на енергија во сезона на масовно користење на уреди за ладење. Тој додава дека истиот ефект го имаат и шумските пожари и поплавите, односно генерално последиците од климатските промени претставуваат значаен ризик за финансискиот сектор, бидејќи влијаат на имотот на банките и индустријата на осигурување. Мулен потсетува дека е исклучително важно да се продолжи со инвестирање во декарбонизацијата со посериозно вклучување на привтниот сектор.