Ако денес цената е 25 денари, што ќе биде кога ќе почне масовното вадење? 15 денари? Или уште помалку?

Колапс на производството на ран компир – земјоделците оставени на милост и немилост предупредува Националната земјоделска мрежа.

Додека масовното вадење на раниот компир во Струмичкиот регион допрва треба да започне, земјоделците веќе се соочуваат со целосен пазарен крах. Цената на компирот драстично падна на критични 25 денари за килограм, состојба која производителите ја опишуваат како „понижувачка“ и „смртна пресуда“ за домашното производство. Ценовен шок пред главната берба земјоделците стравуваат дека ова е само почеток на црното сценарио. Нивната главна грижа е што ќе се случи за 5 до 10 дена, кога понудата на пазарот енормно ќе се зголеми. Ако денес цената е 25 денари, што ќе биде кога ќе почне масовното вадење? 15 денари? Или уште помалку? Ова не е нормална состојба, ова е аларм дека земјоделството тоне, предупредуваат од терен. Иако месеци работа и високи вложувања се ставени на коцка, одговорот од надлежните институции изостанува. Магацините се полни, купувачи речиси и да нема, а секој поминат ден носи нови загуби. Револтот кај земјоделците е насочен директно кон Министерството за земјоделство, од каде се бара итна одговорност и стратегија. Клучните проблеми со кои се соочуваат производителите: Неконтролиран увоз: Пазарот е преплавен со странски производи во екот на домашното производство. Немање организиран откуп: Не постои сигурност за пласманот на родот. Ниски откупни цени: Цената не ги покрива ниту основните трошоци за ѓубрива, нафта и работна сила. Земјоделецот не бара милост, туку право на опстанок Во остриот апел испратен до министерот за земјоделство, се нагласуваме дека ваквиот системски неуспех води кон празнење на селата и откажување на младите од оваа дејност. Производителите упатуваат директна покана до функционерите: Нека дојдат на нива, да видат што значи работа од зора до мрак без празник и одмор, за на крај да останат пониже Со цел да се спречи тотален колапс, земјоделците излегоа со четири клучни барања:

1. Итен организиран откуп поддржан од државата.

2. Утврдување на достоинствена цена која ќе го вреднува трудот.

3. Стриктна контрола на увозот за време на домашната сезона.

4. Вистинска заштита на македонското производство со конкретни дела, а не ветувања.

Доколку државата не реагира во следните денови, Струмичко е пред социјална експлозија, а македонската трпеза за неколку години би можела целосно да зависи од скап, увозен компир.