Албанија е на прво место по бројот на летови меѓу земјите од Југоисточна Европа по закрепнувањето од пандемијата, оценува платформата за аналитика на патувања “Мабријан”.

– “Мабријан“, дојде до овој заклучок, врз основа на постпандемиските бројки со Ковид- 19. Наведува дека Албанија забележала раст на меѓународните летови за 75 отсто во однос на 2019 година, јави државната новинска агенција, АТА.

Најголемо влијание според платформата има зголемувањето на летовите со Германија од 278 проценти. Исто така, Грција заедно со Хрватска и Кипар успеаја да ги надминат нивоата пред почетокот на пандемијата.

” Мабријан“ го испитувал воздушниот капацитет врз основа на распоредот на летови од 1 јануари до 28 февруари 2023 година во споредба со истиот период во 2019 година. Во објавениот извештај се споредуваат и цените на хотелите врз основа на просечната цена.

Според него, хотелските стапки се зголемуваат во речиси сите дестинации за сите хотелски категории, при што Бугарија и Хрватска забележаа најголеми поскапувања во текот на 2022 година.

Од друга страна, Албанија е единствениот исклучок, со цени за 4,1 отсто под нивото од 2022 година за хотели со 4 ѕвезди. Сепак, забележа пораст на цените од 6,3 отсто за хотелите со 3 и 5 ѕвезди.

– Мабријан ја објави оваа анализа пред годишниот настан New Deal Europe – единствениот пазар за комерцијални патувања за тур-оператори и туристички организации фокусиран на 12 дестинации во Југоисточна Европа – што ќе се одржи на 28 март во Лондон, наведува АТА. вт/сд/