Најновите податоци на албанското министерството за финансии потврдуваат дека во државниот буџет за девет месеци од годинава се собрани 425,7 милијарди леки, што бележи зголемување од 15,7 отсто или за околу 58 милијарди лека повеќе во однос на истиот период минатата година.

Трошоците во овие месеци достигнале вредност од 411 милијарди лека, што значи дека нивото на буџетскиот суфицит за 9 месеци изнесува околу 15 милијарди лека, од околу 18 милиони лека дефицит колку што беше планирано.

Според податоците на министерството за финансии, по забавувањето на приходите во јули, во септември во буџетот се собрани речиси 49 милијарди лека, што е зголемување за 13,7 отсто во однос на септември 2021 година.

Гледано одделно најголем придонес во зголемувањето имаат приходите што ги наплатила Генералната дирекција на царинската управа, вклучително и средствата собрани од Управата за јавни приходи(ДДВ, данок на добивка, персонален данок и слично), 380 милијарди лека, што е за приближно 61 милијарда повеќе од истиот период лани.

Но, она што може да се види во извештајот на Институтот за статистика, ИНСТАТ е намалувањето на количината на производи кои влегле во Албанија, но постојаниот раст на нивната цена директно влијаело на зголемувањето на буџетските приходи.