Проблемите на Алибаба започнаа во ноември минатата година

Алибаба, водечка кинеска платформа за трговија преку Интернет, ја објави својата прва квартална загуба во работењето од своето деби во 2014 година, како резултат на високата антимонополска казна што и беше изречена од државните регулатори за конкуренција.

Според „Алибаба“, оперативната загуба е 7,66 милијарди јуани (1,18 милијарди американски долари во четвртиот квартал од фискалната година на компанијата што заврши на 31 март, како резултат на гореспоменатата казна, пренесува CNBC).

Ова е првпат Алибаба да објави загуба во работењето како компанија со која се тргува јавно на берза, изјави извршниот директор Даниел Џанг.

Меѓутоа, доколку се исклучи казнениот ефект, оперативната добивка би била 10,56 милијарди јуани (1,63 милијарди долари), што е за 48% повеќе од претходната година.

Вкупните приходи на компанијата, сепак, ги надминаа прогнозите на пазарот, достигнувајќи 187,39 милијарди јуани (28,6 милијарди долари) и се за 64 проценти повисоки отколку во споредливиот квартал од претходната година. Аналитичарите предвидоа во истражувањето „Рафинитив“ дека вкупните приходи ќе бидат 180,41 милијарди јуани.

Заработката по акција беше 10,32 јуани (1,58 американски долари) наспроти проценетите 11,12 јуани по акција, што е за 12% повеќе од минатата година.

Само во март годинава, Алибаба забележа нето загуба од 5,47 милијарди јуани (околу 848 милиони американски долари), додека играчите на пазарот очекуваа нето добивка од 6,95 милијарди јуани (нешто помалку од 1,1 милијарда долари).

Проблемите на Алибаба започнаа во ноември минатата година, кога кинеските регулатори ја повлекоа лиценцата за дебито на берза на Ант Груп, подружница за финансиски технологии и плаќања на Алибаба, во износ од 34,5 милијарди долари.

Оттогаш на берзата е избришана „Алибаба“ вредна повеќе од 240 милијарди долари, а компанијата исто така доби одлука да плати огромна казна од 18,23 милијарди јуани (2,8 милијарди долари) како резултат на истрагата за монопол во Кина.