Наградата за работодавач на годината му беше врачена на генералниот директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“. Живко Мукаетов (Фото: Алкалоид)

„Алкалоид“ АД Скопје по вторпат е прогласен за победник за најатрактивен работодавач, односно најпосакувана македонска компанија за работа за 2023 година.

Компанијата победи врз основа на неколку критериуми: следење на интересот за објавите и за огласите на компаниите од страна на посетителите на интернет-страницата „Вработување.ком“, интересот на апликантите и спроведената анкета на тема „Во која компанија би се вработиле без размислување?“

Наградата за работодавач на годината му беше врачена на генералниот директор и претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“. Живко Мукаетов.

„Ова е награда на 3.000 семејства кои работат во ’Алкалоид’ во Македонија и подружниците во странство. Признание за целиот оној труд, знаење и вештини кои се вградени во секој наш производ и во секој наш процес во изминатите 88 години постоење. Ова признание е доказ дека во Македонија навистина има квалитетни луѓе“, изјави Мукаетов.