За помодернава публика, која можеби не знае, алта-балта е народен архаизам кој опишува некое запуштено, распуштено и напуштено суштество, кое нема никаква координација во акциите, се што прави е половично или воопшто не е направено, или едноставно не одржува хигиена. Има кованицата поширока примена, но во конкретниов случај, ќе се задржиме на Балта – како неподнослива леснотија на живеењето.

 

Алта ја видовме, со првично соопштение од Србија во петокот (кога во Србија и ја одзедоа лиценцата на банката мајка) за постепено да кумулира низ викендот, и во вчера во Недела, да излезе Славко и да рече: норе парац… немат пари. Ќе можете по 10.000 денари да влечете и тоа е тоа…За комплетно неделно јебавање, вечерта да се надоврзи и Алта Банка – македонска дивизија и да ги попарит главно Битолчани: „Утре не работиме“!

Во еден викенд се спроведе акцијата, и стигаат сега дозирани извештаи, олку пари фалеле, онолку биле испумпани…

Но, и тоа е веч виџено, во вагонов наречен желба, јас би се задржал, како ова ќе се заврши за македонскиве штедачи и граѓани, и се разбира ќе биде традиционално и ексклузивно на наша штета.

Ако се пари испумпани, со здравје да си одет… То е… Потоа ќе настапи Народна Банка (таа е балта страната во кованицата инаку), и ќе речит ќе си побарате побарувања од Агенција за супервизија и осигурување на депозити, т.е. од државава.

Ќе се појавет мачнициве штедачи по судојве антички, и ќе им се досудит врз основа на докази, дека ќе бидат обештетени, до 100% од побарувањето ако депозитот бил под 30.000 евра, или до 90% ако депозитот бил над 30.000 евра.

И потоа мачнициве ќе бидат исплатени, во најдобар случај директно цел износ, или многу веројатно на 10 годишни рати, како со Старото Девизно Штедење, и кога ќе ги доземат парите ќе купет кикирки, благодарение  на инфлацијата и трговскиов жеден еснаф.

Но и тоа не е толкав проблем. Главен проблем е што на крај, со буџетски средства ќе се покрива оваа дупка во Агенцијата за супервизија и осигурување на депозити, и преведено на нашки, граѓаните ке го покријат овај минус… Оваа испумпана сума на македонски депозити, во чужди џебови… И на крај, ние, граѓаните, ќе го вратиме овој долг, низ лавиринт на кредити, обврзници и инструменти за нови задолжувања, и за ова никој не зборува.

Но, тоа е тоа, видени полусценарија се овие, играта е уиграна, камен се испумпава, финти викендашки сме изнагледани… Никој нема да е крив, ни Трајко, ни НБРМ, ни србиве од Алта, ни еден куп инбитвин лебарки од администрација, најверојатно до крајот на донамбата, штедачиве криви ќе излезет… И криви и бричени, а и по којзнае кој пат, и потстрижани. Само крајниот товар на шемиве, сите колективно ќе го сносиме, од што имаме многу ум… многу сме умни ем мудри ние овде….

 

Наум Димитровски