Најголемата светска онлајн платформа „Амазон“ прави се за да спречи лажни критики во својата продавница, објави компанијата.

Поради огромниот број на лажни впечатоци кои клиентите ги оставаа за да рекламираат целосно непотребни производи, има повеќе враќања на стоката и многу проблеми за сопствениците на овој трговски гигант, пренесува магазинот „Консумер Афеарс“.

Трговецот дури има намера да ги истакне видливите предупредувања и повикот да се чуваме од лажни критики.

– Лажната рецензија е најголемата главоболка за „Амазон“. Нам ни е важно нашите корисници да знаат дека нашата главна цел е да спречиме лажни рејтинзи да се појавуваат во нашата продавница. Постојано правиме максимални напори за да се осигураме дека во нашата продавница се појавуваат само автентични критики. Сериозно ја сфаќаме нашата одговорност и спроведувањето на сите правила, а најважна ни е довербата на потрошувачите, соопштуваат од компанијата.

Потрошувачите дефинитивно треба да ги проверат прегледите пред да купат производ, особено кога станува збор за онлајн набавки и припејд услови, пишува Пчолитика рс.